Украинскиот претседател Володимир Зеленски му стана познат на светот откако Русија ја нападна Украина, на крајот од февруари. Затоа, повеќето го виделе Зеленски на прес-конференции во улога на претседател.
Но пред да стане политичар, тој бил актер и во Украина се прославил со хумористичната серија „Слуга на народот“, во која играл претседател. Сите 23 епизоди од првата сезона на серијата може да се гледаат на „Нетфликс“.
Серијата премиерно била прикажана во 2015 година и имала три сезони. Таа била достапна на „Нетфликс“ од 2017 до 2021 година. Во неа Зеленски глуми професор по историја кој неочекувано станува претседател на Украина. На сличен начин Зеленски беше избран за претседател на Украина во 2019 година.
Серијата е на руски јазик, но понуден е и превод на англиски на „Нетфликс“. Во 2016 бил снимен и филм базиран на серијата, во кој глумел Зеленски.
Зеленски, кој има 44 години, почнал да се занимава со глума како тинејџер и глумел и продуцирал повеќе филмови во Украина.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)