X
 17.04.2019 Образование

„Јахја Кемал“ стана тестинг-центар за дигитални вештини

„Јахја Кемал колеџ“ од денеска официјално стана тестинг-центар за дигитални вештини во соработката со Certiadria, официјален партнер на американската компанија „Certiport“, застапник на правата за сертификација на Microsoft, Adobe и Autodesk, како и други светски брендови.

За сите ученици на колеџот во Скопје, Тетово и Струга достапна е новата интегрирана платформа (full path solution, learn, practice, certify), што значи дека учениците ќе имаат можност да ги проверат своите дигитални вештини, да ги надградат и да ги валоризираат.
Без разлика дали учениците и студентите слушаат музика или прават слики, купуваат или комуницираат, дигиталните вештини се важен составен дел на нивното секојдневие. Основните дигитални вештини им овозможуваат користење дигитални уреди, софтвер, апликации, како и алатки што им помагаат да користат и да креираат информации. Спектарот на способности што треба да ги демонстрираат налага поголемо ниво на подготвеност. Истовремено тие способности треба да бидат мерливи и валидирани со нешто што може лесно да се докаже и препознае, а тоа е сертификацијата.

Напредокот во секое општество се постигнува преку колективна свест, а тоа подразбира решителност за имплементација на вистинската стратегија!
Сертификацијата претставува валидација на вештини, потврда на знаењето, издвојување од останатите, лесен пристап на пазарот на трудот. Во насока на успехот и можностите од истото говори и фактот од спроведеното истражување!

Како поддршка на ова, во дополнително истражување менаџерите за регрутирање кадри во рамките на „Мајкрософт“ групацијата се изјасниле дека дури 91% од сите вработувања во рамките на групацијата ја земаат предвид сертификацијата при вработувањето и регрутирање кадар.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование