X
 21.06.2018 Образование

Учениците од ПСУ „Јахја Кемал“ на меѓународен натпревар во САД освоија 15 медали

Учениците од ПСУ „Јахја Кемал“, како светски бренд, успешно ја претставуваа Република Македонија на меѓународна научна платформа, гордо го мавтаа знамето на земјата на врвот на Светска олимпијада под мотото „Ајде да изградиме подобра иднина заедно“, што се одржа во Државниот универзитет „Освего“ во Њујорк, САД, во 5 дисциплини: наука, визуелни уметности, бизнис, креативно пишување и роботика.

На натпреварот учествуваа 1.657 проекти од 70 различни земји и илјадници учесници.

Екипата од ПСУ „Јахја Кемал“ учествуваше со 26 проекти и 37 брилијантни ученици.

Ова се резултатите:

Златни медали: Талиа Кастрати и Халиме Адеми во категорија краток филм.

Сребрени медали: Валерија Илиевска, Анастасија Тренкоска, Љубица Филипова,Трајче Бојаџиев, Рилјета Јонузи, Емел Абуш во категорија наука.

Бронзени медали: Дарио Тасески во категорија уметност, Бојана Маројевиќ, Марија Стојчева, Бојана Стефаноска, Михаела Хаџиска, Ангела Петреска и Стефан Дамчески во категорија наука.



Добиени се и 11 пофалници.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование