X
 17.04.2019 Живот

Недела на детски работилници, промоции во ресторанот „Амбрела“

Со бесплатна работилница на тема „Позитивна психологија – Колку ни е потребно за среќа?“ денеска во 17:30 во ресторанот „Амбрела“, во Градскиот трговски центар во Скопје, ќе почне неделата со повеќе настани. Целта е да се зголеми свеста кај целокупната популација за лицата со попреченост, кои се всушност вработени во ресторанот. Неделата ја организира ресторанот во соработка со професори од Филозофскиот факултет во Скопје.

Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ ќе ја промовира истоимената поетска збирка од Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која ѝ е дијагностициран аутизам, ќе биде организирана велигденска детска работилница, интерактивна работилница на тема „Другарство – пишување и цртање“ со авторката за детска литература, Билјана С. Црвенковска.

Повеќе информации за настанот преземете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот