X
 15.01.2019 Живот

„Сите под еден чадор“ - хуманитарна дружба во ресторанот „Амбрела“

Покрај редовните активности се планираат и инвестиции и адаптирање на дел од просториите на факултетот за лица со посебни потреби, нагласи деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев


Хуманитарна василичарска дружба под наслов „Сите под еден чадор“, организирана од страна на Филозофскиот факултет во Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување, се одржа вчера во ресторанот „Амбрела“.
Ратко Дуев, деканот на Филозофскиот факултет, посочи дека дружбата го означува почетокот на серија настани во 2019 година чија цел ќе биде да ја подигнат свеста за општествената одговорност на институциите и приватниот сектор во земјата за децата со посебни потреби.

- На влезот во ресторанот беше поставена кутија за донации.



- Покрај тие средства, и 20 проценти од целокупниот промет за време на настанот ќе бидат наменети за купување дидактички материјали. Од овој прв настан одредивме да ги донираме во Општина Гази Баба - истакна Дуев.
Наведе дека нивната цел, со организирање настани, е да ги мотивираат и другите институции за, како што рече, да не се заборави на оние на кои им е потребна помош.
- Покрај редовните активности се планираат и инвестиции и адаптирање на дел од просториите на факултетот за лица со посебни потреби - нагласи Дуев.


Проф. д-р Ратко Дуев

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, изјави дека нивната намера е кампањата да се спроведува преку целата година во сите градови во земјата.



- Сметам дека спроведуваме една кампања што ќе има големи хумани димензии во нашата држава и ги повикувам сите граѓани и институции да се приклучат кон оваа акција - заклучи Џаферовски.

Извор: МИА
Фото: Радован Вујовиќ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот