X
 17.04.2020 Живот

Необични факти за најголемата држава во светот

Дека Русите се специфичен народ гледаме секој ден. Постојат некои факти за оваа држава, која се простира на два континента, за кои малкумина знаат.

1. Русија е земја чиј претседател има интересни хобија. На пример, актуелниот руски претседател Владимир Путин е голем љубител на џудото. Тој во 2008 година издал дивиди со наслов „Да научиме џудо со Владимир Путин“.

Михаил Горбачов, последниот лидер на СССР, издал албум со романтични балади наречен „Песни за Раиса“. Раиса била негова сопруга.



2. Советскиот Сојуз го користел езерото Карачај во Јужен Урал за фрлање на радиоактивниот отпад. Денес се смета за најзагаденото место со нуклеарен отпад во светот. Радијацијата е толку висока, што човек може да прими смртоносна доза ако стои покрај брегот на езерото во период од еден час.

3. Судбината на Килибарната соба е една од најголемите мистерии на Втората светска војна. Станува збор за просторија во палатата на Катарина, која била украсена со злато, накит и други вредни материјали, а која нацистите ја опустошиле во текот на своите освојувања.

4. Рускиот тим задоцнил на Олимписките игри во Лондон во 1908 година дури 12 дена, бидејќи го користеле јулијанскиот календар. Другите спортисти времето го сметале по грегоријанскиот календар.

5. Руските власти размислуваат за претворање на некогашните озлогласени гулази во туристички атракции. Некои статистики покажуваат дека низ овие концентрациони логори за присилна работа и медицински експерименти поминале повеќе од 18 милиони луѓе.

6. Дури 1.835 луѓе скијале по костими за капење во сибирското одморалиште Шерегеш во желба да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

7. Русија може да се пофали со најголемата лулашка на светот, долга 170 метри. Поставена е во адреналинскиот Скај парк во Сочи, во кој е и еден од најдолгите висечки пешачки мостови во светот.

8. Во Москва некогаш постоел ресторан „Твин старс“. Како што покажува името, вработувал исклучиво близнаци и близначки кои во идентична облека ги послужувале гостите.

9. Сообраќајот на московските улици е толку густ, што богатите Руси изнајмуваат лажни возила за итна помош и така полесно поминуваат низ метежот.

Извор: B92.net
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот