X
 17.05.2018 Живот

Звучна загатка: Кој збор го слушате?

Една двосложен збор стана звучна загатка на интернет и се прошири на социјалните мрежи создавајќи две групи - едната група го слуша зборот Јани, а другата Лорел.

Аудиоснимката што ја поставил еден американски тинејџер на интернет предизвикала голема дискусија. Роланд Сабо од Џорџија објасни дека по преземањето на снимката од некоја веб-страница за речник, бил зачуден што луѓето го слушаат различно. Тој аудиото го поставил на „Инстаграм“ во форма на анкета, но снимката ја презеле и други луѓе, така што таа се проширила на интернет.

загатка
Фото: Thinkstock


Интересно е тоа што едни јасно слушаат Јани, а други Лорел. Оваа онлајн-дебата потсетува на дебатата пред три години предизвикана од фотографијата на еден фустан што луѓето го гледаа во различни бои.

Кој збор го слушате вие?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот