Реконструкцијата на античките извори може да биде предмет на контроверзии. Во старите Хебрејски или Хрисријански библиски текстови, критичарите пронаоѓаат остатоци од многу претходни текстови, составени заедно од уредници кои не воделе грижа.
Фото: Pixabay
Потрагата по лингвистички предци може да не одведе до оригиналните извори на човековата култура, до времиња кои повеќе никој не ги помни. Теоретскиот развој на Индо-Европскиот јазик како семејство на јазици, бил бавен процес кој се одвивал неколку века, за да се дојде до
модерното јазично дрво кое сега го знаеме.
Постои обид за реконструкција на тој Индо-Европски јазик, односно обид за да се дознае како тој всушност звучел. Лингвистите се обиделе преку звучен експеримент, раскажувајќи приказна на споменатиот јазик. Инаку, временски, се смета дека јазикот се зборувал пред околу 6.000 години. Но, бидејќи нема пристап до текстови напишани на тој јазик, лингвистите се согласуваат дека нема дефинитивна верзија, туку само претпоставки за тоа како
јазикот звучел.
Приказната која се раскажува носи наслов: „The Sheep and the Horses” („Овцата и коњите“):
„Овцата која немаше волна ги здогледа коњите, еден од нив влечеше тежок вагон, еден носеше тежок товар, а еден пренесуваше човек. Овцата им се обрати на коњите: Ме боли срцето, кога гледам како човек се вози на коњи. Коњите и одговориле: Слушај, нашите срца не болат кога гледаме како човекот, нашиот господар, ја претвора волната од овцата во топла облека за себе. А овцата нема волна. Кога го слушнала ова, овцата избега во рамнината“.
Приказната на Индо-Европски јазик можете да ја слушнете на овој
линк.