X
 17.07.2024 Наука

Зошто метеоролозите избегнуваат да летаат во текот на летните вечери?

Самиот факт дека можете да преминете од стоење на земјата на летање низ воздухот е фасцинантен за мене. Секогаш се воодушевувам кога летам и кога сум во авион, вели Крис Бијанки кој обожава да лета.

Но, вечерта на 26 јуни тој не летна. Наместо тоа, заглавил на аеродромот „Лагвардија“ чекајќи го авионот кој со часови бил одложен.

Сам си беше виновен. Како метеоролог, тој требаше да знае подобро отколку да резервира лет во летна вечер.

- Го прекршив правилото што никогаш не треба да го прекршите. Никогаш не резервирајте лет во попладневните часови или навечер во текот на летните месеци во САД - вели тој во видео што го објави на неговиот профил на „Тик-ток“.

Јавна тајна е дека во попладневните и вечерните часови најмногу доцнат летовите поради временските услови.

Во летните попладневни часови постои најголема шанса за бура и грмотевици

Три работи предизвикуваат бура со грмотевици: влага, нестабилен воздух и некаков начин тој воздух да се движи.

Во лето, сончевата топлина помага да се движат работите ако атмосферата е нестабилна - или поради разликите во температурата или влагата во различни слоеви на атмосферата. Жешкиот воздух се издигнува, така што топлиот летен воздух во близина на површината на Земјата почнува да се искачува на поголеми, постудени височини.

Водената пареа во воздухот се лади додека се подигнува, кондензирајќи во облаци. На крајот, резултатот е бура со грмотевици.

- Утрото има тенденција да биде помирно во повеќето области. Можеби ќе биде потребно малку време за да се акумулира таа енергија за да предизвика бури. Поголеми се шансите наутро да имате помирен лет - вели метеорологот Алиса Глени од „Акјуведр“.

Резервирањето утрински летови не само што ви помага да го избегнете непријатното време, туку и ве заштитува од доцнењата што се создаваат во текот на денот.

Со оглед на целата наука и логистиката за летовите, советот на Бјанки е едноставен: - Во лето, резервирајте летови наутро.

Извор: Science Alert
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука