Цела генерација деца пораснаа гледајќи ги Аладин и Јасмин како летаат со летачки килим над измислениот арапски град Аграба. Еден жител на Турција речиси го доживеа истото, но не со килим, туку со кревет.
29-годишниот Хасан Кавал одлучил да лета со својот кревет и да спие во текот на летот - или барем да се обиде да спие. Го приврзал параглајдерот на кревет и полетал од рид висок 800 метри.
Кавал носел маска за очите за да не му пречи сонцето и „спиел“ додека не го „разбудил“ будилникот. Потоа
успешно слетал на плажата „Клеопатра“.
Автор: Дерија Оздемир
Извор:
interestingengineering.com