X
 17.09.2023 Наука

Необична планета без атмосфера ги доведува во прашање теориите за формирање планети

Астрономите откриле необична егзопланета позната како ТОИ-332б, која ги доведува во прашање моменталните теории за формирање планети. Егзопланетата претставува интересен случај за научниците бидејќи му пркоси на сегашното разбирање за формирањето на планетата.

Научниците препознале некои заеднички карактеристики на сите егзопланети што досега биле откриени, но некои планети имаат ретки карактеристики. Планетата ТОИ-332б била откриена во орбитата на портокалова џуџеста ѕвезда оддалечена 727 светлосни години од нас, во регионот познат како Нептунска пустина. Таа има радиус 3,2 пати поголем од оној на Земјата и орбитира околу својата ѕвезда на секои 18,72 часа.

Научниците успеале да ја измерат масата на егзопланетата, која е еднаква на 57,2 маси на Земјата. Она што ја издвојува оваа егзопланета е нејзината густина, која е поголема од онаа на железото. Оваа висока густина укажува на масивно железно јадро, комплетно со карпеста обвивка и тенка атмосфера од водород и хелиум. Меѓутоа, егзопланетата нема атмосфера, а тоа е она што ги збунува научниците.

Потенцијалните објаснувања вклучуваат фотоиспарување, планетарна миграција, внатрешно загревање или масивен удар со друго небесно тело. Сепак, овие хипотези бараат дополнително истражување.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука