Бесплатен Vibe on пакет за млади на Шпаркасе банка
Младите се двигатели на општеството, креатори на општествената култура, лидери на утрешниот ден и економскиот мотор на денешницата.
Шпаркасе банка, водена од нејзината корпоративна стратегија, силно се залага за поддршка на младите луѓе и инвестира во нивната иднина, просперитет и финансиска стабилност.
Шпаркасе банка, како доверлив финансиски партнер, креира пакет за млади насловен „Vibe on“, кој е целосно бесплатен и специјално дизајниран за да ги задоволи потребите и преференциите на младите на возраст од 15 до 25 години.
Со новата кампања „Мој вајб на мој начин“ и „Vibe on“ пакетот за млади, Шпаркасе банка ја потврдува заложбата за инвестирање во младите – на денешната младина ѝ е потребна финансиска слобода и енергичен начин на живот за да ги постигнат своите цели. Оваа кампања е уште една потврда за младите кои знаат што сакаат и го трансформираат општеството на свој начин.
Бесплатниот „Vibe on“ пакет за млади е приспособен да ги задоволи потребите на новите генерации и нивните уникатни аспирации. Пакетот е наменет за сите млади на возраст од 15 до 25 години, вклучува бесплатно месечно одржување на трансакциска сметка, бесплатна Visa дебитна картичка, бесплатно користење на
С-Банка мобилна апликација и сите услуги кои се достапни преку апликацијата, односно плаќање, користење на услугата Плати на пријател и Подели сметка, како и 2 бесплатни подигнувања на готовина на АТМ од кој било АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе банка).
Со оваа кампања, Шпаркасе банка ги поттикнува и охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.
Аплицирај уште денес за
БЕСПЛАТЕН „Vibe on“ пакет, уживај во придобивките и движи се во ритамот на твојата нова „Vibe on“ картичка.
За животен стил на свој начин.
#ШпаркасеБанка #ВерувајВоИднината
(Комерцијална објава)