X
 17.12.2021 Живот

Поскапување на обуката за возачка - од 1 јануари ќе чини 24.500 денари

Цената за обука за возачка дозвола за автомобил, Б-категорија, во Скопје, од 1 јануари 2022 година ќе се покачи на 24.500 денари. Ваквата одлука ја донеле 30-ина скопски автошколи на состанокот кој го имале неодамна. Сегашната минимална цена за обука за возачка дозвола изнесува 19.300 денари.

- Оваа одлука за покачување на цената не е донесена од интерес, туку со цел да се покријат трошоците што ги имаат автошколите и кои постојано растат од година на година. Ваквиот предлог за покачување не е нов, постои од 2015 година, но ете некако постојано бевме заборавани - соопштуваат од една скопска автошкола.



Инаку, дел од скопските автошколи тврдат дека цената за обука во други македонски градови веќе одамна е покачена и некаде е стигната до 25.000 денари. Скопските автошколи сакаат да понудат поголем квалитет, со подобри и поеколошки возила, така што покачувањето ќе биде и со таква цел.

- За автошколите што работат регуларно, трошоците се веќе преголеми. Од 35-36 регистрирани автошколи во Скопје,  околу 30 се согласија за покачувањето. Мора да се назначи дека во други градови веќе е качена цената, на пример во Куманово и градови во Источна Македонија, каде што изнесува и до 26.000 денари - велат од скопската автошкола.

Подготвил: Никола Петровски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот