Корисник на „Редит“ му поставил прашање на Нил де Грас Тајсон: „Кои книги треба да ги прочита секоја интелигентна личност на планетата?“
фотоизвор: Sick Chirpse
Во продолжение погледнете ја неговата листа со книги и воедно одговорот на прашањето:
1. Библијата
„За да научите дека е полесно да ви кажат другите што да мислите и да верувате отколку да мислите со своја глава“.
2. „Системот на светот“ од Исак Њутн
„За да научите дека универзумот е познато место“.
3. „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин
„За да научите за нашето сродство со остатокот од животот на Земјата“.
4. „Патувањата на Гуливер“ од Џонатан Свифт
„За да научите, покрај другите сатирични лекции, дека повеќето од времето луѓето се брутални“.
5. „Доба на разум“ од Томас Пајн
„За да научите како моќта на рационалната мисла е примарниот извор на слобода во светот“.
6. „Богатството на нациите“ од Адам Смит
„За да научите дека капитализмот е економија на алчност, сила на природата кон себе“.
7. „Уметноста на војната“ од Сун Цу
„За да научите дека актот на убивање други луѓе може да биде издигнат на ниво на уметност“.
8. „Принцот“ од Макијавели
„За да
научите дека луѓето што не се власт ќе направат сè за да ја добијат, а луѓето што се на власт ќе направат сè за да ја задржат“.