„Проколната куќа“ е долго очекуваното режисерско деби на Сергио Г. Санчез, хоророт
кој ни пристигнува овој четврток во Синеплекс.
Санчез, кој е виновникот за едни од најдобрите напишани сценарија во шпанската
кинематографија е ценет поради неговата способност да ги менаџира емоциите и инстантно
да се поврзе со публиката. Тој е посебно познат по филмовите „Сиропатилиште“ и
„Невозможно“ кој беа огромен успех на неговиот пријател режисер Ј. А. Бајона. Иако Санчез
се опишува себеси првично како режисер а потоа и сценарист, тој долго време бил во потрага
по приказна која е доволно силна за да се докаже и како режисер.
„На патување со воз, зборејќи за прикзаните кои му се допаѓаат, за класиците и за
старите филмови, зачнато беше семето на Проколната куќа“, вели продуцентката Белен
Атиенза. Нивната професионална врска започна уште од претходно споменатите два наслови
на која тие работеле. Таа била перфектно свесна за неговиот неискажан талент ккао режисер
и знаела дека сака да биде дел од овој проект. Сценариото за „Проколната куќа“ е гредено
чекор по чекор. Санчез се потсеќа на необичниот процес на пишување: „Започнав да го
развивам. Имаше различни фази. Во текот на првата верзија и испраќав на Белен неколку
страници на ден, не знаејќи каде води приказната.“
„Дедо Мраз на замена“, магична бајка со примеси на комедија, ни пристигнува од
Норвешка и ни ја носи божиќната авантура на господинот Андерсен, кој прави договор со
Дедо Мраз да го спаси Божиќ. Филмот е заснован на познатиот норвешки класик за деца од
1959 година „Christmas Eve at Santa’s“, од писателот Алф Пројсен.
Една Божиќна ноќ, господинот Андерсен за малку ќе го упропасти Божиќ со неговотот
невешто однесување. Тој ветува дека оваа година ќе се одрече од улогата на Дедо Мраз како
би го сочувал мирот во куќата и би уживал со семејството. Следното утро, Андерсен сепак
одлучува дека не сака да се одрече од својот сон и да им приреди совршен Божиќ, но во
момент на невнимание се лизнува и паѓа врз подароците. По второто „патување“ низ шумата,
се судира со еден стар човек кој е вистинскиот Дедо Мраз. Тие одлучуваат да се заменат,
така што столарот Андерсен ќе оди кај семејството на Дедо Мраз, а Дедо Мраз ќе оди во
посета на семејството Андерсен, и со тоа ќе ја спасат Божиќната вечер.
Режисер на филмот е Терје Рангнес, поранешен новинар кој станува режисер
благодарение на искуството кое го стекнува како уредник на детска емисија за телевизија, по
што се пробува и како режисер на детски ТВ серии. Неговото режисерско деби во игран филм
е „Уште еден ден во канцеларија“ од 2010 година. Покрај низата успешни филмови, Рагнес
исто така пишува сценарија и има глумено во неколку долгометражни и кратки филмови.
КИНО ПРОГРАМА (11.01 - 17.01.2018)
Војна на звездите: Последниот Џедај 3Д
Секој ден: 20:00; 22:45
Викенд: 20:00; 22:45
Војна на звездите: Последниот Џедај 2Д
Секој ден: 15:00; 17:45
Сабота: 13:45
Џуманџи 3Д
Секој ден: 12:30, 14:45, 17:00, 19:15, 21:30
Викенд: 12:30; 14:45; 17:00; 19:15; 21:30
Џуманџи 2Д
Секој ден: 13:30, 15:45, 18:05, 20:15, 22:30
Викенд: 13:30, 15:45, 18:00; 20:15; 22:30
Величествениот Шоумен 2Д
Секој ден: 19:45; 21:50
Викенд: 19:45, 21:15
Дедо Мраз и Компанија
Секој ден: 14:00; 17:15
Викенд: 11:45; 14:00; 17:15
Дедо Мраз на замена 2Д
Секој ден: 12:45; 15:15; 16:45; 18:15
Проколната Куќа
Секој ден: 18:40; 20:45; 23:00
Тато се врати 2Д
Секој ден: 18:30; 21:00
Викенд: 18:30; 21:00
Исцелител 2Д
Секој ден: 21:15
Покер Кралица
Секој ден: 19:30; 20:30; 22:10
Викенд: 19:30; 20:30; 22:10
ДЕТСКИ ФИЛМОВИ
Малиот Биг Фут 3Д
Секој ден: 14:15; 16:15
Мечето Падингтон 2Д
Секој ден: 13:00
Викенд: 11:00; 13:00
Коко и големата тајна 3Д
Секој ден: 13:40; 16:00
Викенд: 13:40; 16:00
Фердинанд 3Д
Секој ден: 14:30; 16:30; 19:00
Викенд: 12:15; 14:30; 16:30; 19:00
Фердинанд 2Д
Секој ден: 13:15; 15:30; 17:30
Викенд: 11:15; 13:15; 15:30; 17:30
*Cineplexx го задржува правото за
промена на редовниот репертоар