Пронајдете го вашиот знак и дознајте што ве очекува во текот на февруари на полето на љубовта, работата и здравјето.
Овен
Работа - За вас, февруари ќе биде месец што ќе ветува финансиски успеси. Можно е и започнување семеен бизнис, а нема да изостанат ниту признанијата ниту наградите на работа. Ќе успеете да го пронајдете најдобриот правец што сте го барале, што ќе го доживеете како одлично искуство. Ова е вистинско време да напредувате во кариерата и да ги зголемите вашите приходи.
Љубов - Морате да се сконцентрирате на давањето наместо само да очекувате да добивате. Можни се некои тешкотии и расправии во љубовните односи, но очекувајте и преубави заеднички моменти. За врската да биде хармонична, потребно е да се потрудите и двајцата да поминувате што повеќе време заедно. Овните кои штотуку го запознале партнерот би можеле да доживеат големо разочарување, додека осамените конечно би можеле да ја сретнат вистинската личност.
Здравје - Доколку внимавате на исхраната и вежбате барем двапати неделно, нема да имате проблеми и имунитетот ќе биде на максимум.
Бик
Работа - Сето она што сте го зацртале на полето на кариерата во февруари може лесно да се реализира доколку вложите доволно труд и време. Ќе ви порасне угледот на работа, најмногу доколку прифатите предизвици и задачи од надредените. Дури и ако моменталната работа ви здосади, ќе има толку интересни промени што нема да сакате да барате друго вработување. Биковите што не се во работен однос можат да се обидат во маркетинг.
Љубов - Чувствата ќе ви бидат измешани. Романтичните излети и вечерата со партнерот можат да ви го зацврстат односот. Слободните бикови нема да имаат многу среќа во пронаоѓањето на сродната душа во текот на овој месец. И во долгите и во кратките врски ќе постојат проблеми бидејќи ќе поминувате низ период кога сè ќе ве нервира и лесно ќе се разбеснувате, а тоа партнерот нема да сака да го толерира. Однесувајте се природно и фер кон другата половина и сè ќе се среди.
Здравје - Можни се уринарни инфекции. Пијте што повеќе течности и пронајдете доволно време за одмор и рекреација.
Близнаци
Работа - Овој месец близнаците ќе се посветат на кариерата. Иако ви недостига храброст и вистинска можност за напредување, вашата одлучност ќе ве доведе до тоа да направите пари по нелегален пат, а резултатот на ваквата одлука може да биде погубен. Добро размислете дали нешто такво е вредно. По 19 февруари можете да очекувате шанса што ќе ви помогне да се поместите од мртва точка.
Љубов - Љубовта овој месец ќе им цвета на сите близнаци. Во првата половина од месецот ќе посакувате физичка врска, додека во втората половина ќе сакате да уживате во романтични моменти со вашиот партнер. Вашата врска со партнерот ќе зависи од тоа како го балансирате животот дома со вашите амбиции. Близнаците во брак можат да очекуваат неразбирање од партнерот, но и расправии во втората половина на месецот.
Здравје - Занимавајте се со спорт, трудете се да се храните што поздраво.
Рак
Работа - Надредените ќе ви доверат некои нови проекти. Пристапете им со ентузијазам и креативност и успехот ќе биде загарантиран. Ќе ги испитате вашите граници, ќе запознаете нови луѓе. Сепак, не претерувајте - не дозволувајте работата да почне да управува други аспекти од вашиот живот. Избегнувајте препирки со колегите затоа што навидум безопасните боцкања би можеле да преминат во сериозен конфликт.
Љубов - Ако сте во долга врска или брак, обидете се во вашиот однос да внесете нешто ново - краток излет, секси игри, нешто што ќе ве извлече од љубовната монотонија. Доколку не му посветите доволно внимание и време, партнерот би можел да се заинтересира за некој друг. Слободните ракови ќе имаат неколку интересни познанства, но сите тие ќе останат на пријателство или необврзувачки врски.
Здравје - Од 15 февруари конечно ќе ви тргне на ова поле. Вклучете ги вежбањето и сонот во вашето секојдневие и нема да имате никакви проблеми.
Лав
Работа - Нема да ви недостига инспирација, само треба да поработите на иницијатива и успех, па напредувањето ќе биде пред вас. Ќе имате доволно за да направите нешто сосема ново и со тоа да ги воодушевите вашите колеги и надредени. Но паричната награда ќе мора малку да ја почекате. Невработените лавови ќе можат да избираат - понудите наскоро сами ќе почнат да пристигнуваат.
Љубов - Почетокот на месецот носи возбудливи средби. Ако сте веќе во врска или брак, посветете си малку повеќе време и љубовта ќе почне да ви цвета како на почетокот.
Здравје - Буквално ќе „пукате“ од здравје. Кон крајот на месецот поработете на имунитетот, можни се полесни настинки.
Девица
Работа - За припадниците на знакот девица, февруари нема да биде најповолен месец за кариера. Вработените ќе бидат под голем притисок, можни се конфликти со колегите. На работа ќе преовладува доста негативна атмосфера. Иако ќе имате сила и волја да ја поправите ситуацијата и да ги почитувате роковите, нема да ви оди од рака до самиот крај на месецот. Вооружете се со трпение и почекајте да дојде март. Истото важи и за невработените - февруари не носи многу шанси за вработување.
Љубов - Ни на полето љубов и семејство нема да има многу позитивни случувања. Многу врски ќе паднат во голема криза, ќе опстане само вистинската и силна љубов, и тоа доколку вложите многу труд во вашиот однос. Слободните девици нека очекуваат убаво познанство, но не е добар момент за почеток на емотивни врски.
Здравје - Само преку интензивен тренинг ќе успеете да се ослободите од насобраниот стрес. Одмарајте и пронајдете начин да се опуштите, ќе ви биде потребно после овој напорен период.
Вага
Работа - Ова е период кога треба да седнете и навистина добро да размислите какви промени на работа сакате да се случат. Можеби е вистинско време и да ги следите вашите желби и да ја промените вашата професија. Тоа би можеле успешно да го реализирате на 1 и 2 февруари бидејќи тогаш, што се однесува до работата, ќе ви тргне од рака.
Љубов - Осамените ваги нема да мора повеќе така да се нарекуваат себеси - ги чека страсна и многу романтична врска со личност што ќе ја запознаат на самиот почеток од месецот. Вагите што ја пронашле својата сродна душа ќе уживаат во своите прекрасни заеднички моменти. Можна е и бременост.
Здравје - Нема да ве држи место од вишокот енергија. Здравјето е генерално добро, но обрнете внимание на штитната жлезда.
Скорпија
Работа - Пред скорпијата е една голема и важна одлука. Можеби најпаметно е да се консултирате со шефот и заедно да проучите кој би бил најдобриот потег за сите да имате добивка. Без разлика по кој пат ќе тргнете, дајте го вашиот максимум и наградата не може да изостане. Невработените би требало да го почекаат март, особено ако сакаат работа во информациските технологии и трговија.
Љубов - Она што треба да го направите е да го послушате вашето срце. Ако имате чувство дека тоа не е вистинското, не губете време, туку раскрстете и продолжете понатаму. Истото важи и за слободните скорпии - ако инстинктот ви вели не, послушајте го.
Здравје - Конечно сфаќате дека во здравјето мора да се вложува за да се зачува. Време е конечно да почнете да внимавате на исхраната, но и физички да се активирате. Ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.
Стрелец
Работа - Имате инспирација и доста нови идеи. Детално разработете ги вашите планови пред да ги изложите, за да не бидете погрешно сфатени. Секој проект на кој овој месец страсно ќе му се посветите ќе доживее голем успех. Невработените припадници на знакот стрелец можат да очекуваат добра понуда за работа во струката, особено ако се работи за медицина и работа на компјутер.
Љубов - Ќе блескате од самодоверба, па вашата харизма ќе го привлекува спротивниот пол како магнет. Слободните ќе можат да избираат со кого ќе влезат во врска, додека на зафатените ќе им биде тешко да му одолеат на искушението бидејќи одеднаш ќе се најдат во друштво на многубројни интересни луѓе. Врските што сега се започнати, голема е веројатноста во краток рок да резултираат со брак, па дури и потомство.
Здравје - Чувствителноста на промените од времето ќе ви донесе пад на имунитетот и настинки, доколку не ги промените лошите навики.
Јарец
Работа - Вистински момент е да започнете отпочеток. И вработените и невработените. Работата што не ви носи среќа, ниту професионално задоволство, не ви е потребна. Наскоро ќе дојдете до точка кога повеќе нема да можете да се носите со толкав стрес. Не е добар период и за невработените - трудот што го вложувате во постојано испраќање пријави и интервјуа нема да вроди со плод овој месец.
Љубов - Напишете му на партнерот песна, израдувајте го со домашен оброк или некое секси изненадување. Дури и кога малку ќе вложите, ќе ви се врати двојно. Пред слободните јарци е судбинска средба, авантура што ќе ја помните засекогаш, а од вас зависи колку ќе потрае.
Здравје - Многу сте подложни на настинки и вируси.
Водолија
Работа - Комуникацијата со колегите и надредените е на највисоко ниво, а тоа ќе ви донесе добар углед и ќе ви отвори нова врата. Дајте сè од себе, сконцентрирајте се и успехот ви е загарантиран. Сепак, обрнете внимание - неочекувани ситуации ви се закануваат, но ќе успеете да се изборите со нив.
Љубов - Имате две опции - да го слушате срцето и да бидете среќни или да се приспособите на околностите и чувствата да ги задржете во себе, што не е својствено за вашиот знак. Изберете ја среќата - ќе имате помалку проблеми, но многу повеќе уживања, и што е најважно, слобода. На осамените водолии нема да им биде ни малку досадно, ќе излегуваат и ќе запознаат многу интересни луѓе.
Здравје - Уживањето во нездрава храна има свои последици. Имунитетот ќе биде чувствителен, како и циркулацијата, коските и крвниот притисок.
Риби
Работа - Рибите можат да очекуваат подобрување и нови можности во февруари. Конфликтите со надредените можат значително да го загрозат сето она што вредно сте го работеле, па обидете се да се контролирате. Обидете се да ги избегнете таквите ситуации. Ве очекуваат работни патувања, но и таму мора да внимавате на негативното опкружување.
Љубов - Ѕвездите не предвидуваат големи промени кога станува збор за семејството и љубовните односи. Вашиот љубовен живот секогаш изгледа комплицирано. Рибите во врска можат да очекуваат расправии, конфликти и помирувања во текот на целиот месец.
Здравје - Опуштете се.