X
 13.02.2018 Технологија

Тактика против користење телефони на час

На Грејем Дугони многу му пречело тоа што паметните телефони го убиваат секое чувство на приватност и спонтаност во јавните простори, истовремено одвлекувајќи го вниманието, па смислил решение. Ја основал компанијата „Јондр“ и почнал да произведува футроли за телефони кои оневозможуваат зависничко посегање по нив на јавни места и настани: училишта, судници, концерти, венчавки.

фотоизвор: overyondr.com

Имено, футролите, кога еднаш ќе се заклучат на влезот од институцијата, можат да се отклучат дури при излегување од неа. Овие футроли веќе се употребуваат во над 600 училишта. Учениците мора да ги стават телефоните во футролата на почетокот од наставата. Од училиштата каде што се применува оваа тактика велат дека разликата е забележлива, а дисциплината и оценките на децата се подобри.

Заклучувањето на телефонот во футрола на „Јондр“ денес е задолжително на многу јавни места во Америка, а станува вообичаено и на други приватни забави. „Со мојата идеја за заклучување на телефонот не беа воодушевени само луѓето од Силиконската долина. Така знаев дека се работи за добра идеја“, вели Дугони.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија