X
 02.04.2018 Технологија

Тајната на успехот на најпознатиот стример на „Фортнајт“

strimer
Фото: Printscreen/Youtube

Неговото име е Тајлер Блевинс, но луѓето го знаат по псевдонимот Нинџа. Блевинс секој ден по неколку часа игра „Фортнајт“, а сето тоа го пренесува во живо преку познатата стримерска веб-страница „Твич“. Нинџа неодамна во соработка со уште еден популарен стример, Дрејк, го руши рекордот на „Твич“ по гледаност.

Благодарение на вештините за играње и неговата харизма, Нинџа месечно заработува околу 500.000 долари. Тој нагласува дека голем дел од приходите доаѓаат од претплатници на „Твич“ и на „Амазон Прајм“, премиумски услуги што за одреден износ на корисниците на овие веб-страници им даваат можност да им донираат на нивните стримери, како и „претплата“ што овозможува привилегии, како што е изговорено име во групни разговори и/или ексклузивни емотикони. Други големи извори на приходи се „Јутјуб“, „Инстаграм“ и „Твитер“.



„Сите овие места се главен извор на моите приходи. Договорот што го имам со ’Амазон Прајм‘ и ’Твич Прајм‘ е неверојатен. ’Твич Прајм‘ на луѓето им овозможува во некои игри да добијат ексклузивни предмети, а неодамна потпиша договор со ’Фортнајт‘, една од најпопуларните игри на планетата. Тоа е и причината што луѓето доаѓаат на моите преноси“, вели младиот стример.

И покрај изненадувачкиот успех, Бленвис на сите млади стримери што сакаат да ги следат неговите стапки им дава еден доста важен совет: „Завршете го училиштето!“, порачува тој. Ова 20-годишно момче вели дека ја задржало својата работа и останало на факултет, дури и кога станало славен. „Продолжив да работам на својата иднина паралелно со натпреварувањето во видеоигрите и преносите во живо“, вели тој.

„Сите деца што мислат дека можат да се откажат од сè и да се посветат на играње видеоигри грешат. Стримингот и натпреварот во видеоигри станува конкурентна кариера, што значи дека покрај играњето видеоигри морате да ја обезбедите вашата иднина и да размислувате долгорочно“, вели Бленвис.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија