X
 27.02.2018 Технологија

Македонски Телеком најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадување

Светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона, оваа година се одржува од 26 февруари до 1 март, под слоганот „Creating a better future“. Дојче Телеком како водечки Европски телко оператор им овозможи на посетителите да ги искусат идните технологии како што е 5G, поврзани дронови, „смарт текстил“, VR и AR наочарите и останати иновативни продукти и технологии кои во блиска иднина ќе го сменат начинот на кој комуницираме и живееме.



Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата најави прототип на „смарт“ маски за заштита од загадувањето кои треба да бидат во продажба од ноември/декември, оваа година. Станува збор за сосема нов продукт, идејно решение на Телеком, кое ќе биде дел од Fashion Fusion програмата на Дојче Телеком, а прв од низата еко проекти на Телеком што ќе следат годинава.

„За прв пат во Македонија ги спојуваме технологијата и модата, за да оствариме повисока цел – заштита од загадувањето, кое е вистински проблем во нашата земја, особено во поголемите градови. Кога ја имате најдобрата технологија, веќе не е доволно да овозможите само комуникација. Затоа, ние одиме чекор понатаму, ја користиме таа технологија за промена, за подобрување на квалитетот на живот“ – изјави Андреас Елснер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Маските ќе бидат изработени од пластичен отпад што е уште еден чекор кон почиста животна средина. На базните станици на Телеком ќе се постават сензори, коишто ќе го мерат загадувањето. Сензорите преку мобилна апликација ќе комуницираат со мобилните телефони, кои пак ќе комуницираат со маските (изработени од смарт текстил). Смарт маските преку вибрација или лед светла ќе сигнализираат кога загадувањeто ќе биде над дозволената граница. Дизајнот на маските е потпишан од македонската дизајнерка Ивана Кнез.



Квалитетот на мрежата и инвестициите во новите технологии се основа за вакви иновативни решенија кои ќе направат разлика во општеството. Мрежата на Македонски Телеком е најдобра не сaмо во земјава туку и во регионот, што се потврди и на последното независно истражување за мрежите „P3“ според кое мобилната мрежа на Македонски Телеком има најдобри резултати за мобилен интернет и за говорни услуги во Македонија. Според ова мерење, мрежата на Македонски Телеком е меѓу најдобрите во Европа.

Исто така, добра основа е и фактот што Македонија е прва земја во Европа со целосна ИП мрежа, како и единствена во Дојче Телеком групацијата со 100% 4G покриеност.

На конгресот во Барселона, Македонски Телеком најави и новина за корисниците – наскоро, за прв пат корисниците на Magenta 1 семејството ќе имаат можност да го делат меѓу себе мобилниот интернет вклучен во тарифата. Услугата Family Share ќе биде достапна преку новата ТelekomМК апликација за корисниците на новата Magenta 1.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија