Фото: Messycow
Родителите знаат дека постојат прилично големи разлики помеѓу воспитувањето и одгледувањето на првото и второто дете. Од различните пристапи кон бременоста, до различните начини на кој децата се одгледуваат откако ќе се родат, овие промени се урнебесно илустрирани од Венг Чен - неверојатен уметник, ВР дизајнер на игри и мајка од Чикаго.
Нејзините цртежи се фокусирани на нејзините две ќерки, поголемата Електра и помалата Али, заедно со нејзиниот сопруг. „Месикау стриповите започнаа со импулс. Не дизајнирав ништо, само се впуштив и започнав да цртам“, вели таа.
Нејзината најнова серија на стрипови ја објаснува
разликата помеѓу првороденото и второроденото дете.