X
 03.11.2016 Образование

Не ја пишувајте домашната на вашето прваче

Вашето дете тргна во прво одделение и се уште не се снаоѓа добро во училиште? Не сака да ја напише домашната задача, па и кога ќе го натерате да пишува, ви изгледа дека е отсутно?


На крајот го губите трпението, седнувате наместо него и вие ја пишувате домашната задача. Експертите сметаат дека тоа е погрешна постапка, бидејќи ги спречува децата да создадат работна навика и да станат самостојни.

Педагозите велат дека со ваквите постапки мора веднаш да престанете. Во детската природа е детето да сеопушти кога размислува само за забава и игра, па доколку ги завршувате неговите задачи наместо него, ќе си помисли дека мама и тато постојано ќе бидат тука за да ја напишат домашната задача, а тоа ќе може да продолжи да си игра. Најдобро е родителот да биде покрај детето додека ја пишува домашната задача и да му укаже на грешките. Проверете што сработило и инсистирајте повторно да се обидува додека не го најде точното решение, доколку греши.

За вакво нешто потребно е многу трпени, но ако детето научи самостојно да си ги извршува задачите додека е во прво одделение, ќе создаде работна навика и за продолжетокот на образованието.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование