Fingerprint е името на новиот бренд на македонското модно небо. Премиерно промовиран на неодамнешниот Skopje Fashion Weekend, со својата прва едиција наречена Macedonian beauty - овој нов бренд како тема ги зема македонскиот дух и нашите македонски одлики.
Fingerprint на уникатен начин го покажува пред македонската јавност и светот она што ја прави Македонија различна од другите, па за инспирација ја земаат храната, историјата, сегашноста, сонцето, па и ракијата!
Освен што основниот производ изгледа одлично, воведуваат и новитет со нивните креативно осмислени продажни места, промоција и ексклузивни пакувања... што Fingerpring како бренд го прави успешно заокружен концепт кој е одлично дизајниран и осмислен.
Сите дизајни од едицијата Macedonian beauty може да се погледнат на следниов
ЛИНК
.