Од талент-програма до сениор програмер и Scrum Master во „Сеавус“: ова е приказната на Елена Котева, која веќе девет години работи во една од најголемите ИТ-компании во регионот. Како еден од предавачите на програмата, ни раскажа за нејзиното искуство и како
талент-програмата ѝ послужи како отскочна штица во кариерата.
Како стигна од талент-програма до сениор програмер во „Сеавус“?
- Да бидам искрена, воопшто не ни замислував дека ова е патот кој ќе го изодам во „Сеавус“ кога првпат се пријавив на талент-програмата пред девет години. По крајот на програмата почнав како почетник програмер и работев на проект кој беше голем предизвик. Така ми поминаа првите две години, па бев унапредена и по вкупно пет години искуство станав сениор програмер за денес, девет години подоцна, да работам како Scrum Master на платформата за наплата што всушност се изучува на самата талент-програма. Во овие девет години имав можност да работам за познати европски телеком-компании, а една година работев во странство кај еден од клиентите. Таму стекнав огромно искуство и работев со луѓе од сите страни на светот. Да не беше талент-програмата, немаше да станам она што сум денес.
Три причини зошто некој треба да се запише на талент-програмата?
- Затоа што е уникатна, сеопфатна и единствена на Балканот. Самата платформа е една од најдобрите за наплата и е несекојдневна и интересна за работа. Тоа е одлична можност и отскочна штица за сите студенти што ќе се пријават и кои ќе можат да влезат во реалниот ИТ-свет и да почнат кариера во областа што ја сакаат. Во Македонија, а и на Балканот, „Сеавус“ е единствена компанија што нуди ваква програма, па затоа е можност што не треба да ја пропуштат сите ентузијасти!
Практичната настава е онаа што вистински ги запознава студентите со реалниот ИТ-свет. Колку таа недостига во формалното образование и на кој начин талент-програмата го надоместува тој недостиг?
- Недостигот на практична настава на факултетите во Македонија е сеприсутен и создава сериозен проблем за идните кадри кои дипломираат неоспособени за веднаш да почнат со работа. Кога студентите првпат ќе дојдат на програмата, имаат шанса да стекнат практично и работно искуство и тоа не само од технички и професионален аспект, туку и социјален: имаат шанса да запознаат нови луѓе со различни профили, да почувствуваат како е да се работи во тим – нешта кои не можеш да ги стекнеш додека си студент. Едноставно се градиш и на лично и на професионално ниво, и тоа е бесценето.
Со какви знаења ќе се стекнат учесниците на талент-програмата?
- Програмата вклучува запознавање со платформата за наплата, увид во системите за наплата и ќе ја оформи големата слика за тоа што значи еден систем за наплата и како се добива краен резултат, на пример, телефонска сметка. Учесниците ќе се стекнат со знаења од областа на бази на податоци и нови програмски јазици кои им бидат повеќе или помалку познати. Овој сет на знаење не може да се добие во друга компанија или на факултет. Учесниците ќе почувствуваат што значи да се биде дел од голем и успешен тим, да споделат искуства со експерти кои се во индустријата 10 или повеќе години и, пред сè, да видат дали се пронаоѓаат во оваа област. Досега, најголем дел од пријавените остануваат вработени во „Сеавус“ со години по талент-програмата.
Што би им препорачала на идните учесници во програмата?
За оние што сè уште не се убедени: не двоумете се за тоа дали да се пријавите или не – талент-програмата ќе биде една од најдобрите одлуки што ќе ги донесете по завршувањето на студиите. А за тие што веќе се пријавиле: дајте сè од себе и подгответе се за една авантура во која ќе имате можност да научите нешто ново и возбудливо. Како еден од предавачите, едвај чекам да ве запознаам и се радувам на нашата соработка! Ако сè уште не сте се пријавиле, имате шанса да го направите тоа
тука.
(Комерцијална објава)