Во светот постојат различни библиотеки, но ниедна не е како библиотеката „Либрерија аква алта“ во Венеција.
„Аква алта“ во превод значи „висока вода“, а името се однесува на зимниот период кога приземјата на објектите во Венеција претежно се поплавени.
Тоа обично се случува во ноември и во декември, кога надоаѓа плимата и го поплавува градот, а и библиотеката не е поштедена.
Книгите се ставени повисоко од подот и се наредени до таванот, но бидејќи нема место, често се складираат и во гондоли, па ако се поплави подот, книгите ќе останат
недопрени.
Погледнете како изгледа оваа уникатна библиотека.