Пред векови, мостовите имале повеќе цели. Освен што луѓето преминувале вода на нив, средновековните мостови обично имале капели и продавници на нив. Многу од нив на страните имале цели кули бидејќи мостовите биле значајни точки на почетокот на секој град. Стариот мост над реката Арно, односно Понте Векио се наоѓа во Фиренца, Италија и еден од најпознатите средновековни мостови во Европа.
Она што е специфично за овој мост е тоа што на него сè уште има продавници. Првиот мост над реката Арно бил изграден од страна на Римјаните и се споменува во документи од 996 година. Мостот бил однесен од поплава во 1117 година, па бил изграден нов, кој исто така бил поплавен во 1333 година. 12 години подоцна биил изграден нов мост, дизајниран од Тадео Гади, кој бил сликар и архитект.
Денес, над Арно има шест мостови кои може да се поминат со автомобил или пеш, освен Понте Векио, на кој не се дозволени возила. А, возилата не се дозволени на мостот бидејќи на него постојано има купувачи.
На овој мост има продавници од 13-от век. Трговците ги продавале добрата на маси на мостот. Продавниците припаѓале на градот и се изнајмувале, најчесто на месари и рибари. Подоцна, месарите и рибарите биле заменети со златари.
Денес, повеќето од продавниците се дуќани за накит. Мостот денес е туристичка атракција, освен место за шопинг.
Тој е толку прекрасен што за време на Втората светска војна, кога Германците си заминувале од Италија, ги уништиле речиси сите мостови во Италија, но го поштедиле Понте Векио. Адолф Хитлер сметал дека таквата убавина не треба да биде уништена.