X
 18.02.2020 Живот

СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар од Пробиштип со Златна рипка вредна 500.000 денари

Александра и Александар Начеви од Пробиштип на Денот на вљубените уловија златна рипка вредна 500.000 денари. На младиот брачен пар Начеви од Пробиштип златната рипка ќе му ја оствари заедничката желба за убаво егзотично патување. Големата добивка е доказ дека кога се дарува со љубов, желбите се остваруваат. Овој пат желбите ги остварува златната рипка, но не рипката од приказните, туку рипката од инстант-лозот Златна рипка.

Трендот за дарување инстант-лозови СРЕЌА ПЛУС донесе радост на многу свадбени прослави, родендени и други убави поводи, а овој пат донесе дополнителна среќа на Денот на вљубените.

Подарените инстант-лозови на Денот на вљубените им донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС на Александра и Александар.

Продажното место Лила лото во Пробиштип беше често споменувано во различни среќни приказни за поголеми добивки, но иако Александра и Александар често оттаму купувале инстант-лозови, добивале само помали добивки, сè до сега. На 14 февруари Александар двапати одел до киоскот на плоштадот во Пробиштип, купувал различни лозови и таму ги гребел, но како и секогаш, имал само помали добивки. Третиот пат, пред да замине дома, купуи 11 лоза Златна рипка со намера да ѝ ги подари на сопругата за Денот на вљубените.



Токму во тие 11 лоза се криела и златната рипка на која изгребале добивка од 500.000 денари. Во просториите на Државна лотарија ги запознавме Александра и Александар, кои со радост ја споделија со нас среќната приказна и планот дека средствата ќе ги искористат за егзотично патување.

Ве потсетуваме дека кога дарувате, подарете инстант-лозови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот