Со длабоко жалење мораме да го објавиме откажувањето на Евровизија 2020 во Ротердам, Холандија, соопштија од Европската радиодифузна унија.
Оттаму додаваат дека во текот на изминатите неколку недели разгледувале многу алтернативни опции за продолжување, но несигурноста што се создаде во Европа поради ширењето на Ковид-19 и воведените рестрикции довеле до носење одлука дека е невозможно да се продолжи со настанот како што било планирано.