X
 31.01.2022 Живот

Yon Idy e сѐ поблиску до остварување на својот евровизиски сон

Dreams е патот до Торино

По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовира Dreams во емисијата „Стисни плеј“ во рамките на националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со онлајн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја претставува нашата земја во Торино.
Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Анѓел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката.

„Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот и нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме“, вели Yon Idy.
Ова е линкот на кој може да ја преслушате Dreams повторно и да гласате за Yon Idy.


Yon Idy со својот посебен стил на интерпретација потсетува на странски музичар кој „залутал” на нашата сцена. Сосем свој, скромен, а шармантен, емотивно ги доловува текстовите кои ги пее придружуван од својата гитара. Многумина ги слушнале неговите песни на македонските радија не знаејќи дека всушност станува збор за домашен музичар.

Yon Idy е пораснат опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува и учи од класичните уметници како „Битлси“ и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со здрави дози на блуз и инди-сцени. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно и со нетрпение очекува да го издаде својот прв целосен албум во 2022 година.



Поврзете се со Yon на социјалните мрежи:
Facebook | Instagram | Twitter
Профили на музички платформи:
Spotify | Apple Music | YouTube

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот