Франција има план драстично да го намали автомобилскиот сообраќај во центарот на главниот град до 2022 година. Градскиот совет на Париз предложил забрана за поминување на автомобили во четири области во центарот на градот. Со тоа би им се дал приоритет на велосипедистите, пешаците и јавниот превоз во овие области, пренесува Би-би-си.
Оваа зона ќе го направи Париз помалку загаден, помирен и побезбеден, изјавиле од советот.
Во Париз биле изградени велосипедски патеки долги стотици километри за време на пандемијата. Ен Хидалго повторно била избрана за градоначалник минатата година, а во кампањата таа најавила создавање 15-минутен град во кој на жителите ќе им биде полесно да стигнат до продавниците, училиштата и работното место за кратко време со пешачење или велосипед.
Фото: Pixabay
Според планот на градскиот совет, жителите и бизнисите ќе може да користат автомобили во зелената зона, но ќе се забрани минувањето на другите автомобили.
Заменик-градоначалникот на Париз, Давид Белијар, изјавил дека градот го следи примерот на Мадрид и Рим кои ги забраниле автомобилите во некои области. Жителите сега треба да го дадат своето мислење за идејата пред таа да биде реализирана.
Извор:
bbc.com