X
 18.02.2016 Култура

Франција дебатира за радикалниот нов закон за работни односи

Сите знаеме дека проверувањето на нашите телефони е сигурен начин со кој го намалуваме нивото на стрес и го уништуваме нашето спиење. Меѓутоа, исклучувањето на телефоните може да е тешка задача за секој од нас, особено кога работата од вас бара постојано да сте достапни.

 

франција


Токму тоа е и размислувањето позади новиот закон кој се зема во предвид во Франција наречен „право да се исклучиш“.

Француската Министерка за труд Мирјам Ел Комри треба да го претстави пакетот со реформи во следните неколку недели, а меѓу овие реформи е и законот со кој ќе им се даде право на работниците да ги исклучат нивните паметни телефони веднаш штом ќе ја напуштат канцеларијата.

Ова значи дека ќе можете да уживате во вашето слободно време без да ви биде прекинато со меилови, телефонски повики и пораки.

Додека реформите имаат поширока цел освен подобрување на слободното време на работниците кои се и тоа како склони кон штрајкови, се чини дека Мирјам обрнала внимание и за загриженоста во врска со ризикот од исцрпеност кога вработените се дигитално поврзани.

Бруно Метлинг, генералниот директор на компанијата за мобилни телефони „Orange“ вели дека минатата година додека технологијата имала моќ да го трансформира и подобри животот на работа, сепак претставувала и ризик.

„Еден од најголемите ризици е балансот на личниот и професионалниот живот, поврзан со постојаната поврзаност онлајн на корисникот“, вели тој.

„Никој од вработените не треба да биде критикуван затоа што не е на работното место после работното време. Професионалците кои наоѓаат вистински баланс меѓу приватниот и работниот живот многу подобро ја извршуваат својата работа од оние кои не можат да пронајдат златна средина“.

Прашањето е на политичката агенда во Франција, која има работна недела од 35 часа, веќе две години.

Истражување од „Le Mond“ од 2014 година открива дека 4 милиони француски работници се изложени на ризик од исцрпеност поради нивната дигитална поврзаност.

Додека законот за „правото да се исклучат“ ќе биде привлечно за голем број работници, сепак тие нема да бидат толку наклонети кон другите предложени реформи - како можноста на компаниите да преговараат повеќе часови работа и помалку плаќање за прекувремената работа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура