Уписот на студентите во Универзитетот на Југоисточна Европа се врши врз основа на Конкурсот одобрен од Сенатот на Универзитетот
Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование или образование адекватно на тоа и кои ја имаат положено државната матура.
Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден со овој Конкурс, тогаш право за запишување во вториот уписен рок ( освен оние што ја положиле државната матура) имаат и кандидатите од гимназиите кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле завршниот испит.
Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватното на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.