Моето интернационално студентско искуство е непроценливо – раскажува Давор Данаилоски, студент на Технолошко-техничкиот факултет.
- Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола е едно големо семејство, а јас сум среќна што сум дел од него – вели Стефанија Атанасовска, студентка на Правниот факултет.
Таа избрала да студира тука поради големиот избор на факултети што ги нуди Универзитетот, високо квалитетниот и стручен кадар, начинот на кој се третирани студентите, како и реално применливото знаење што го стекнуваат во текот на студирањето.
Настан на Правниот факултет
Студентите од УКЛО велат дека е огромна предност праксата која им помага да се вклопат на работните места уште од првиот ден.
- Треба да се следи примерот на УКЛО преку работата на Центарот за развој на кариера, Алумни и доживотно учење (КРЕДО ЦЕНТАРОТ) во воспоставувањето на соработката со деловниот свет и институциите, а во насока на зголемување на понудата и можностите за студентите – вели Анастасија Крстевска, студентка на Техничкиот факултет.
Покрај другите активности, УКЛО организира школи во кои студентите можат да го надградат своето знаење.
- Како учесник на зимски и на летни школи, студент на Еразмус, нaучив многу нови рaботи, стекнав големо искуство и многу пријатели. Моето интернационално студентско искуство е непроценливо – раскажува Давор Данаилоски, студент на Технолошко-техничкиот факултет.
Стефанија Атанасовска
Ива Николова, која студира на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, раскажува за своето искуство на првиот „Хакатон“ што се одржа во Битола.
- Покрај техничкото искуство, навистина имаше што да се научи од овој настан. Се создаде средина која беше отворена за учење, а фокусирана на продуктивноста и изгледаше неверојатно. Ги надмина моите очекувања - вели таа.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола навремено ги презеде сите организациско-технички активности за успешно спроведување и реализација на Конкурсот за запишување студенти во академската 2018/2019 година.
Со оглед на тоа дека образовната понуда е специфична, препознатлива и доста хетерогена, интересот за запишување на УКЛО e стандарден, што е сосема очекувано и е во согласност со образовните услови во државата. Оваа година УКЛО ќе прими вкупно 3.635 студенти, 2.005 во државна квота, 1.015 со кофинансирање и 615 вонредни.
На секоја единица на Универзитетот, најдобро рангираните студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за првата година на студии. Воедно, според Конкурсот на УКЛО: на прв циклус, додипломски студии, единиците на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - Битола нема да наплаќаат партиципација за студенти без родители, инвалидни лица, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца.
На овој начин УКЛО ја продолжува политиката на стимулирање на кандидатите и презема други активности за перманентна поддршка на студентскиот активизам.
Во новата академска година УКЛО ќе воведе и други содржини за поддршка и поттик на студентите и на студентскиот живот.
ПН:Моето интернационално студентско искуство е непроценлививо – раскажува Давор Данаилоски, студент на „Технолошко – технички факултет“.
- Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ од Битола е едно големо семејство, а јас сум среќна што сум дел од него – вели Стефанија Атанасовска, студентка на Правниот факултет.
Таа избрала да студира тука, поради големиот избор на факултети кои ги нуди Универзитетот, високо квалитетниот и стручен кадар, начинот на кој се третирани студентите, како и реално применливото знаење кое го стекнуваат за време на студирањето.
Студентите од УКЛО велат дека огромна предност е праксата која им помага да се вклопат на работните места уште од првиот ден.
-Треба е да се следи примерот на УКЛО преку работата на Центарот за развој на кариера, Алумни и доживотно учење (КРЕДО ЦЕНТАРОТ) во воспоставувањето на соработката со деловниот свет и институциите а во насока на зголемување на понудата и можностите за студентите – вели Анастасија Крстевска, студентка на „Техничкиот факултет“.
Покрај останатите активности, УКЛО организира школи во кои студентите можат да го надградат своето знаење.
-Како учесник на зимски и летни школи, студент на Еразмус нaучивмногу нови рaботи, стекнав бројни искуства и пријателства. Моето интернационално студентско искуство е непроценлививо – раскажува Давор Данаилоски, студент на „Технолошко – технички факултет“.
Ива Николова која студира на Факултетот за информатички и комуникациски технологии раскажува за своето искуство на првиот „Хакатон“кој се одржа во Битола.
-Покрај техничкото искуство, навистина имаше што да се научи од овој настан.Се создаде средина која беше отворена за учење, а фокусирана на продуктивноста и изгледаше неверојатно. Ги надмина моите очекувања– вели таа.
Универзитетот „Св.Климент Охридски„ – Битола навремено ги презеде сите организационо - технички активности за успешно спроведување и реализација на Конкурсот за запишување студенти во академската 2018/2019 година.
Со оглед на тоа дека образовната понуда е специфична, препознатлива и доста хетерогена, интересот за запишување на УКЛО e стандарден, што е сосема очекувано и во согласност со образовните услови во државата.Оваа година УКЛО ќе прими вкупно 3.635 студенти,2.005 во државна квота, 1.015 со кофинансирање и 615 вонредни.
На секоја единица на Универзитетот, најдобро рангираните студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе бидат ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии. Воедно, според Конкурсот на УКЛО: на прв циклус, додипломски студии, единиците на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - Битола нема да наплаќаат партиципација за студенти без родители, инвалидни лица, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца.
На овој начин УКЛО ја продолжува политиката на стимулирање на кандидатите и презема други активности за перманентна поддршка на студентскиот активизам.
Во новата академска година УКЛО најавува внесување и на други содржини за поддршка и поттик на студентите и студентското живеење.