Судскиот процес против холивудскиот глумец Кевин Спејси за наводен сексуален напад на 18-годишно момче е прекинат поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок“, соопшти Обвинителството во Нантакет, Масачусетс, САД.
На сослушувањето минатата седмица, оштетениот одби да одговори на прашањето – дали ги избришал своите СМС-пораки што му ги праќал на Спејси.
Спејси беше обвинет за сексуален напад што се случил во бар во Нантакет пред повеќе од три години.
Извор: МИА