X
 06.09.2018 Култура

Мистериозна смрт на Кевин Спејси во серијата „Куќа од карти“

Френк Андервуд официјално е мртов, открива трејлерот на новата сезона на серијата „Куќа од карти“ чија премиера е закажана за ноември без главниот актер, Кевин Спејси. Тој го изгуби ангажманот во оваа популарна серија поради обвиненијата за сексуална злоупотреба.

Трејлерот што излезе вчера ја прикажува актерката Робин Рајт во улога на сопругата на Френк Андервуд, Клер, како стои пред гробот на нејзиниот сопруг и изговара неколку реченици без емоции. Јасно е дека Андервуд умре, но не е познато како сценаристите одлучиле да го „отпишат“ од серијата.



Игнорирајќи го интересот на фановите за неговата мистериозна смрт, „Нетфликс“ само објави дека шестата и последна сезона ќе се фокусира на ликот на Клер Андервуд, која стана претседател на САД во петтата сезона.

Минатата година продуцентите ја откажаа соработката со Спејси во серијата „Куќа од карти“ затоа што повеќе од 30 лица го обвинија за сексуална злоупотреба. По скандалот оскаровецот Спејси се повлече од јавниот живот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура