X
 18.08.2022 Економија

Заеднички карактеристики на сите милијардери што сами се збогатиле

Милијардерите очигледно не се хомогена група. Секој од нив има свои преференции, но тоа не значи дека немаат одредени сличности.

Манфред Кетс де Врис, кој работи како тренер, психоаналитичар и професор по менаџмент, запознал многу милијардери и вели дека оние што сами го стекнале богатството имаат заеднички карактеристики.

Фокус на големи идеи

Многу милијардери што самите се збогатиле се фокусирани и имаат големи идеи. Освен тоа, тие се прилично талентирани да ја замислат иднината, според Кетс де Врис.

Одлучност

Милијардерите не се откажуваат лесно. Кога се соочени со кризи и неуспеси, тие преземаат акција и продолжуваат понатаму.

- Не тонат во самосожалување и не стануваат депресивни. Исто така, знаат дека успехот не доаѓа преку ноќ. Имаат долгорочен временски хоризонт - тврди Кетс де Врис.

Неусогласеност со другите

Според Кетс де Врис, додека некои луѓе трошат време и енергија да се вклопат во толпата, милијардерите го создаваат сопствениот пат. За нив не е проблем да не се согласуваат со туѓите мислења и уживаат да одат во спротивната насока.

Самодоверба

Милијардерите силно веруваат во сопствените способности. Тие сфаќаат дека успехот е резултат на сопствените напори, а не прашање на среќа, судбина или околности.


Фото: Freepik

Работна етика

Милијардерите се ориентирани на целите и напорно работат за да ги реализираат. Што и да работат, тие работат повеќе од она што им наложува должноста.

Силна интуиција

За разлика од корпоративните раководители, милијардерите ги носат своите одлуки врз основа на инстинктот наместо да се водат по детални анализи.

- Некако се во состојба да го премостат јазот помеѓу свесниот и несвесниот дел од нивниот ум - забележал Кетс де Врис.

Натпреварувачки дух

Милијардерите што сами го стекнале богатството напредуваат во конкуренција. Се чини дека многу од нив имаат и спортски достигнувања, што ги научило како да се носат со победи.

Толеранција на ризик

Милијардерите знаат како да преземат пресметани ризици, според Кетс де Врис.

- Истовремено, тие секогаш се прашуваат како да ги минимизираат своите загуби. Со други зборови, толерантни се на ризик, но не и импулсивни - заклучил тој.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија