Милијардерите грубо може да се поделат на пет категории: наследници, основачи на компании, сопственици и директори, милијардери со политички врски и луѓе од секторот на финансиите. Во Кина на пример, најголем број милијардери се основачи на компании, додека во Германија мнозинството го наследиле богатството.
Според мапа на светските милијардери според земја и начин на стекнување на богатство изработена врз база на извештајот
The Origins of the Superrich: The Billionaire Characteristics Database од страна на
PIIE, огромен број на милијардери живеат во САД - 30% од вкупниот број на милијардери во светот. 32% од тамошните милијардери се основачи на компании, а само 3,8% дошле до милијарди преку политички конекции.
Кина има мал број на милијардери на кои богатството им било оставено во наследство. Наглиот раст на економијата во Кина создаде повеќе од 200 милијардери, од кои 40% се основачи на компании, а околу една четвртина се сопственици на компании или директори.
Во Јужна Кореја пак работите се многу поразлични од Кина. Таму дури 74,1% од милијардерите ги наследиле парите од семејството. Ваков тренд постои и во Европа, со исклучок на Британија, додека Данска е земјата на стариот континент што има најголем број милијардери наследници, 83,3%. И германските и шведските милијардери се претежно наследници на богатство.
Во Јапонија најбројни се милијардерите основачи на компании, 63%.
МАПАТА