Иако жените се'уште се наоѓаат на прво место кога станува збор за комплекси, ниту мажите не се далеку. Се чини дека освен надареноста поради која повеќето мажи тивко патат, постои уште нешто што ги мачи повеќе отколку што жените мислат.
Додека жените лажат за нивните килограми, мажите тоа го прават во сантиметри, но не оние поврзани со нивната машкост, туку со висината.
Истражувањата покажуваат дека таканаречениот „комплекс на Наполеон“ е чест од најраната возраст. Мажите со понизок раст на училиште веројатно биле честа мета на повисоките и посилните соученици, а судејќи по резултатите од психолошките тестирања кои покажуваат дека високите луѓе полесно пронаоѓаат работа, приказната продолжува во текот на целиот живот на овие мажи.
За разлика од жените кои својот „проблем“ го решаваат со високи потпетици, мажите ретко се одлучуваат за модни помагала.
Но, без оглед на овој комплекс, постојат успешни мажи за кои ова не претставувало никаков проблем - Дени ДеВито (146 сантиметри), Ал Пачино (168 сантиметри), Дастин Хофман (166 сантиметри), Марк Ентони (168 сантиметри), Елајџа Вуд (168 сантиметри) и Даниел Редклиф (165 сантиметри) се само мал дел од мажите за кои сантиметрите не биле препрека за нивниот успех.