X
 22.10.2018 Живот

Пријател на Бенкси по грешка го открил неговиот идентитет

Со години се шпекулира кој е човекот што светот го познава како Бенкси. Уметникот кој повторно се најде во центарот на вниманието откако неговата фотографија се самоуништила, своето лице и идентитет упорно ги крие, но се чини дека другите не се толку внимателни како него.

Диџејот и актер Голди, кој исто така е познат уличен уметник, гостувал на подкастот „Дистрекшн Писес“. Во еден момент започнал да се жали дека уметноста е комерцијализирана, а потоа го нападнал Бенкси бидејќи своите дела масовно ги продуцира и продава.

2
Фото: Youtube/Printscreen


-Дајте ми букви од фонтот „бабл“ и со нив напишете Бенкси на маица и може веднаш да се продаде. Со должна почит кон Роберт, мислам дека е генијален уметник.  Мислам дека направи пресврт во светот на уметноста - рекол тој и замолчил, сфаќајќи дека можеби не би требало да каже дека Бенкси се вика Роберт.

Кој е Роберт?

Со години се шпекулира дека Бенкси е Роберт Дел Наја, на јавноста познат како основач на брендот „Масив Атек“. Тој и Голди се познаваат со години, а работеле во ист круг на графитери во текот на 80-тите во Велика Британија.

Една од причините зошто се шпекулира дека Бенкси е Роберт Дел Наја е фактот што муралите на Бенкси се појавувале на места каде што настапувал „Масив Атек“. Дури и Бенкси изјавил дека музиката на „Масив Атек“ му е голема инспирација.

Дел Наја отсекогаш демантирал дека тој е Бенкси.

-Шпекулациите за мојот таен иденитет се претерани. Би била одлична приказна, но за жал не е вистинита - изјавил тој за „Дејли Мејл“.

Можеби Голди само ги слушнал гласините и заклучил дека тоа е тој или сакал да привлече внимание. А можеби едноставно ја знае вистината.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот