X
 18.10.2018 Култура

130.000 фотографии од Енди Ворхол сега се достапни онлајн

Се зема здраво за готово тоа што секој бренд или ѕвезда во подем мора да воспостави и да одржува постојано присуство на социјалните мрежи. Ѕвездата на социјалните медиуми - ентитет познат исклучиво за собирање следбеници и објавување гламурозни фотографии, може да изгледа како феномен што може да постои само во ерата на интернетот, иако писателите како Џ. Г. Балард виделе вакви работи пред неколку децении.

Но, пред опсесивната фотографија да ја засити дигиталната средина, Енди Ворхол ја сфатил важноста на медиумот во документирањето на секојдневниот живот.

1
Фото:  © The Andy Warhol Foundation for the Visual Arts, Inc.


Како што пишува Џејмс Д. Елис, Ворхол бил протохипстер, немирен молец секогаш во потрага по пламен.

- Како и нашата современа култура, за Ворхол било тешко да седне и да не прави ништо. Тој морал да го напушти домот и да ја доживее непосредната околина - вели Елис.

И секако, тој морал да го фотографира секое од тие искуства. Тој ги користел неговите „полароиди“ на ист начин како што ние ги користиме паметните телефони. Во текот на 90-тите години се покрена прашањето дали фотографиите на Ворхол може да се сметаат за ликовна уметност, а коментарот на Ворхол бил: - Сликата значи дека знам кај сум бил во секоја минута. Токму затоа правам фотографии. Тоа е визуелен дневник.

Ворхол секаде ја носел камерата, документирајќи практично сè, од највисоката класа до најниското ѓубре (буквално има слики од канти за ѓубре и што имало во нив). Оваа инклузивност е токму она поради кое неговите фотографски активности се наоѓале на границата помеѓу уметноста и опсесивното собирање.

2
Фото:  © The Andy Warhol Foundation for the Visual Arts, Inc.


Центарот за уметност на Универзитетот „Стенфорд“ и Библиотеките на „Стенфорд“ соработувале за да ги направат архивите од фотографиите на Ворхол достапни за јавноста - фотографиите направени во диско, на вечера, на пазар и на бокс-натпревари. Има 130.000 фотографии што го документираат секојдневниот живот на Ворхол од 1976 година до неговата смрт во 1987 година. Низ фотографиите можат да се најдат Жан-Мишел Баскит, Труман Капоте, Бјанка Џегер, Џими Картер, Деби Хари, Грејс Џонс, Џеки Кенеди, Елизабет Тејлор, Лајза Минели и многу други.

Архивата е најкомплетната колекција на црно-бела фотографија на уметникот достапна за јавноста. ТУКА можете да почнете да разгледувате низ фотографиите организирани по тема.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура