X
 20.07.2019 Култура

Ѕвездите од „Игра на троновите“ сами се номинирале за „Еми“

Ѕвездата на „Игра на троновите“, Гвендолин Кристи, која во вторникот доби номинација за награда „Еми“, сама се пријавила за номинацијата откако мрежата Ејч-би-о одлучила да не ја пријави.

Кристен, која ја глумеше Бриен од Тарт во „Игра на троновите“, успешно испратила предлог за номинацијата за најдобра актерка во споредна улога во драмска серија. Таа е во конкуренција со нејзините колешки Лина Хиди, Мејси Вилијмас и Софи Тарнер, како и со Џулија Гарнер и Фиона Шо.


Ејч-би-о претходно потврди дека испрати предлог за номинации за Лина Хеди, Мејси Вилијамс и Софи Тарнер.

И Алфи Ален и Карис ван Хутен сами испратиле предлог за номинации.

Ван Хутен, која ја глумеше Мелисандре, доби номинација за најдобра актерка-гостин во драмска серија, додека Алфи Ален, кој го глумеше Тион Грејџој, доби номинација во категоријата најдобар актер во споредна улога во драмска серија.

Кристи, Ален и Ван Хутен ќе треба да платат 225 долари за пријавата за номинациите, а од „Холивуд рипортер“ велат дека не е невообичаена практика за актерите сами да испраќаат пријави за номинации.

Така, во 2011 година Роб Лоу испратил пријава за номинација за себе во категоријата најдобар актер во главна улога за серијата „Паркови и рекреација“, иако многу луѓе сметаат дека тој толкува споредна улога.

Метју Пери, кој го глумеше Чендлер во серијата „Пријатели“, во 2000 година ја повлече номинацијата за „Еми“ откако дозна дека Ен-би-си го пријавил во категоријата за најдобар актер во главна улога, без оглед на тоа што актерите се договорија да се натпреваруваат само во категорија за споредна улога.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура