18.10.2018
Живот
Каква зима да очекуваме?
Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.
Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.
- Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува Акуведер.
Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.
Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.
На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно и пософистицирано време.
Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури.
(МИА)