X
 18.10.2021 Живот

Дипломирала, па на своите родители им оддала почест со специјални фотографии

Едно мигрантско мексиканско семејство инвестирало сѐ во образованието на својата ќерка Џенифер. За возврат, кога дипломирала, им оддала почест на најубав можен начин и докажала дека е способна да ги надмине животните предизвици.

Родителите на Џенифер Рош дошле во САД, но никогаш не добиле шанса да го остварат својот сон да се здобијат со факултетско образование. Затоа одлучиле да ја научат нивната ќерка колку е важно образованието. Работеле како земјоделци, а им помагала и Џенифер. По училишниот ден, таа секогаш брзала дома за да им помогне.


Со работа завршувале доцна во ноќта, а Џенифер спиела само два-три часа, но сфатила колкава почит заслужуваат нејзините родители.

- Многу пати сакав да се откажам, но моите родители и нивните совети беа причината да продолжам понатаму - рече оваа млада девојка.

Нејзиното семејство немало пари за да ѝ овозможи на Џенифер да живее во студентски дом, па затоа морала да студира, да работи две работни места и да им помага на родителите.

Џенифер дипломирала и на прекрасен начин им оддала почест на нејзините родители. Се фотографираше на полето каде што пораснала и работела, а фотографиите станале вирални.

Извор: Index.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот