X
 05.01.2016 Здравје

Апликација за мерење на количеството шеќер во храната на децата


Родителите во Англија се советуваат да ја преземат новата бесплатна апликација која го покажува количеството на шеќер во храната и пијаловите.

Апликацијата била направена од страна на здравствена организација во Англија, а функционира со скенирање на баркодот и покажување на целосното количество шеќер во грами или коцки.

Целта на апликацијата е намалување на проблемите со забите, дебелината и дијабетесот кај децата. Здравствената организација покажува дека децата денес јадат трипати повеќе шеќер од дозволеното.

Апликацијата е дел од кампања за подобар живот и работи со над 75.000 производи.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје