Вселенската капсула „Орион“ на американската вселенска агенција НАСА е на пат кон Месечината откако беше лансирана од страна на ракетата СЛС во средата.
Веќе ги имаме првите фотографии од сондата кои се споени во видео. Видеото покажува како „Орион“ се оддалечува од Земјата на патот кон Месечината. Фотографиите нудат поглед кон Земјата од агол кој не бил виден од 1972 година, за време на последните мисии на НАСА до Месечината.
Во „Орион“ нема астронаути, но има три кукли кои ќе направат мерења кои ќе помогнат во идните човечки мисии до Месечината.
„Орион“ ќе остане во вселената 25 дена и по круг околу Месечината ќе се врати на Земјата, каде што се очекува да падне во Тихиот Океан на 11 декември.
Извор: Futurism
Насловна фотографија: NASA