X
 19.04.2022 Живот

Режисерот Дејан Пројковски повторно освои награди за „Ана Каренина“

Македонскиот театарски режисер Дејан Пројковски продолжува да освојува награди откако претставата „Ана Каренина“ според романот на Толстој, која ја режира тој, е прогласена за апсолутен победник на годинешниот фестивал „Театарска пролет“ во Шабац, Србија. Претставата е во продукција на Новосадскиот театар (Новосадското народно позориште), Овој театарски продукт на Пројковски се закити со 22 награди во изминатите две години во Србија и пошироко.

„Ана Каренина“ својата премиера ја имаше во ноември 2019 година, а ги понесе наградите на сите релевантни фестивали во Србија, како што се фестивалот на професионални театри на Војводина, „Тврѓава“ фестивал, на фестивалот „Борини театарски денови“ во Врање…

Претставата на Пројковски, кој е еден од најнаградуваните и најпродуктивни македонски театарски режисери на Балканот, освен што е прогласена за најдобра во целина, доби и награда за најдобра режија. За најдобар актер е прогласен Арпад Месарош, кој го толкува ликот на Алексеј Вронски, додека наградата за најдобра актерка ја доби Тимеа Филеп, која во претставата „Ана Каренина“ го толкува главниот лик.

Фото: ФБ-страница на Дејан Пројковски


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот