Гари Вајнерчук е белоруско-американски претприемач и автор. Тој е коосновач на софтверската компанија за резервации на ресторани „Реси“ и „Емпати вајнс“. Познат е по неговата работа во дигиталниот маркетинг и честопати споделува на неговите профили на социјалните медиуми.
Неодамна, на неговиот инстаграм-профил објави видео во кое им дава совети на денешните студенти кои подлегнуваат под притисокот од родителите во однос на факултетот и испитите.
- Ако твоето семејство те кара за оценките, значи дека твоето семејство, за жал, диспропорционално, го вреднува традиционалниот училиштен систем. И ако навистина ти велат дека твојот живот ќе биде неуспешен бидејќи имаш лоша оценка на испитот, нивната екстремен и плитка гледна точка е тажна. Ако јас бев ти, млад човеку, би бил среќен што ми испраќаш порака и што си против една бизарна филозофија. Горд сум на тебе. Ова го кажува некој што не успеал да ги положи сите испити. Ќе бидеш добро - вели тој во видеото.