„How to read a book“ од Мортимер Џ. Адлер и Чарлс Ван Дорен е едно од најпознатите дела во книжевноста. Книгата била објавена првпат до 1940 година, а ново издание било објавено во 1972 година. Од првото објавување биле продадени милиони копии
Во книгата, авторите зборуваат за четири главни нивоа на читање: основно, инспекциско, аналитичко и синтопско. Авторите ги нарекуваат нивоа, не видови бидејќи повеќе нивоа читање може да се случуваат истовремено, додека со видовите тоа не би било возможно.
Основно читање
Откако ова читање е совладано, читателите ги учат основите на читањето и добиваат основни вештини за читање.
Инспекциско читање
Ова читање најчесто се поврзува со времето - најкраткиот период за кој може да прочитате нешто. Ова читање е проверка на главните факти во одреден текст. Прашањата кои се поставуваат за време на ова ниво се: За што е оваа кинга и која е структурата на оваа книга.
Аналитичко читање
Ова ниво бара поголемо внимание. Тоа е покомплицирано од претходните. Аналитичкото читање е основно за разбирањето на одреден текст.
Синтопско читање
Се нарекува и компаративно читање и е најкомплицираното и систематско ниво на читање. Синтопскиот читател чита различни текстови од еден ист предмет и ги споредува за да добие разбирање за даден предмет.