X
 19.07.2017 Култура

Науката открива кои грешки го уништуваат првиот впечаток

Зошто луѓето не успеваат да остават добар прв впечаток? Можеби ги обвинувате нервите, недостигот на фокус или срамежливоста. Но според науката, постои добра шанса виновникот да е вашата ужасна тактика.

Неодамнешно истражување покажа дека проблемот за многу луѓе не се ограничувањата на личноста, туку активната стратегија за самопромоција која многумина од нас мислат дека е одличен начин да ги натераме другите да имаат високо мислење за нас. За жал, доказите покажуваат дека излегуваме прилично глупави.

Кои се тактиките што нè спречуваат да оставиме добар впечаток? Британската психолошка асоцијација неодамна ги објасни подетално.

1. Скромно фалење

Често, голем дел од нас го поминуваат денот фалејќи се скромно - или во реалниот живот или на социјалните медиуми. Можеби сметате дека популарноста на техниката е добра индикација за нејзината ефикасност, но според ова истражување, грешите.

Истражувањата покажуваат дека кога се жалите колку сте зафатени, вие се обидувате да го убедите светот (и себеси) колку сте важни. Кога се жалите за тоа колку сте исцрпени од последната авантура, тогаш вашата цел е да го прикажете вашиот гламурозен начин на живот.

Овие видови скромно фалење обично покажуваат дека сте неискрена личност која сака да манипулира.

2. Преголема самодоверба и гордост

Кога античките Грци покажувале преголема самодоверба и гордост, тогаш  ризикувале да се соочат со бесот на боговите. Веројатно не треба да се грижите за тоа денес, но ако позитивно се споредите со другите, сепак може да се соочите со сериозни последици.

„Истражувањата покажуваат дека не сакаме луѓе што се прикажуваат како повредни и поголеми кога се споредуваат со другите. „Подобар сум од другите во Х“ се смета за многу полошо од „Добар сум во“ или „Подобар сум во Х отколку што бев“. Социјалните споредби се сметаат за непријателски, дури и тогаш кога не се насочени негативно кон публиката, публиката има тенденција да ги прочита како директна измама.

3. Лицемерие


„Оние што живеат во стаклени куќи не треба да фрлаат камења“ - ова е секогаш добар совет кој сега е поддржан и од истражувањата.

Секако, осудувањето на другите луѓе за нешто за кое и самите сте виновни понекогаш може да биде ефективна тактика, меѓутоа, истражувањето открива дека цената што ќе ја платите за вашето лицемерие е преголема за да ризикувате.

4. Комплименти што имаат друга цел


Сакате да им дадете комплименти на другите, но не сакате да претерате. Дали комплиментот како: „Вие сте прилично добар за да бидете само практикант“ е начин на постигнување на вашите цели?

Истражувањата велат не. Овие комплименти се на некој начин очигледна навреда и ве прикажуваат во лошо светло.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура