X
 19.09.2022 Живот

Цената на лебот порасна за 18 отсто во текот на една година во ЕУ

Цената на лебот во ЕУ забележа пораст невиден со години. Според бројките објавени денеска од Европската агенција за статистика - Еуростат, цената на оваа основна храна скокнала во просек за 18 отсто во ЕУ помеѓу август 2022 година и август 2021 година, јави дописникот на МИА.

Значителен пораст во споредба со претходниот тренд. Навистина, ова зголемување беше само 3 отсто помеѓу август 2021 и август 2020 година.

Се разбира, не сите земји-членки доживуваат слична инфлација. Најмногу е во Унгарија, со зголемување на цените за 66 отсто во текот на една година. Потоа се Литванија, Естонија и Словачка, кои забележаа скок на вредноста на лебот за 33 и 32 отсто. Франција е попоштедена од нејзините соседи. Во земјата на багетот, скокот е ограничен на 8 отсто. Потоа следуваат Холандија и Луксембург каде што цените скокнаа за 10 отсто.

Сосема очекувано, Еуростат ампутира голем дел од овој дополнителен трошок за војната во Украина. Двете земји се меѓу главните извозници на пченица и ѓубрива. Како резултат на тоа, цените вртоглаво пораснаа. Така, пченицата достигна рекорд на 16 мај од 438,25 евра по тон, пред да падне назад, но сепак на високи нивоа (повеќе од 350 евра по тон).

Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 9,1 отсто во август 2022 година, во споредба со 8,9 отсто во јули, повторно според Еуростат. Една година претходно оваа стапка беше 3,0 отсто.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот