X
 01.11.2017 Живот

Поради Брегзитот, Велика Британија бара илјадници работници


Пејзаж од Лондон
(Фото: Pixabay)


Велика Британија е подготвена да вработи илјадници работници, за да се осигури ефикасноста на царината и другите системи во согласност со законот.

Властите се одлучија да преземат ваков чекор за целиот систем да остане стабилен уште од првиот ден откако Велика Британија и официјално ќе ја напушти Европската Унија, потврди портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.

„Освен преговорите со Брисел, клучно е да спроведуваме и домашни подготовки за да бидеме комплетно подготвени за моментот кога ќе ја напуштиме ЕУ“, истакна тој.

Од друга страна, веќе се упатуваат гласни критики до премиерката Меј дека не се подготвува доволно брзо за сценариото според кое нема да се постигне договор со ЕУ.

Речиси 3.000 работни места се создадени за потребите на Брегзит, а царинската служба на оваа земја идната година ќе вработи од 3.000 до 5.000 лица.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот